Руски воен авион накратко го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти шведската армија, пренесува Хина. Авионот АН-30 претходната ноќ прво бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа полетал кон шведска територија.
Тој накратко го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.
Шведски борбени авиони го следеле инцидентот и го фотографирале рускиот авион. Четири руски борбени авиони накратко го нарушија шведскиот воздушен простор на почетокот на март, анализираат медиумите во светот.
Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди.