Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли критиките поради поделеното мислење кое владее во Германија околу снабдувањето со оружје на Украина и рече дека одлуките ги носи брзо, во координација со неговите сојузници, пренесуваат медиумите во регионот.
Шолц, како што е појаснето во објавените написи, беше обвинет за „кукавичлук“ од лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц, на што канцеларот во изјава за „Зонтагсбилд“ одговорил дека не е доволно исплашен дека таквите обвинувања ќе можат да остават впечаток кај него.
„Дел од демократијата треба да биде нападнат од опозицијата. Затоа и постои“, подвлече тој.
Истакна дека поради критиките не е ниту навреден ниту несигурен.