Повеќе од 120 луѓе беа спасени од фабриката Азовстал и соседните куќи во Мариупол на 30 април и 1 мај во рамките на операцијата за ослободување на цивилите во овој град, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Според соопштението, на иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин била спроведена операција „за ослободување на цивилите кои ги држеле украинските националисти во Мариупол, во фабриката Азовстал“.