Маричиќ: Негување на различностите, добри односи, почит и заедништво

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на сите припадници од исламската вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.

– На сите припадници на исламската вероисповед Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, со кој се одбележува крајот на месецот на пост, откажување и благодарност. Бајрамските денови нека нѐ потсетат на убавината на различностите и потребата од негување добри односи, почит и заедништво. Негувајќи го единството и убавината на различностите, ја зајакнуваме нашата верба во напредокот и го градиме вистинскиот пат за подобра и посреќна иднина на нашата земја, напиша Маричиќ на својот Фејсбук профил.

Вицепремиерот Маричиќ изразува надеж дека припадници на исламската вероисповед во земјава ќе го поминат празникот во мир, добро здравје, бериќет, со лична и семејна среќа, опкружени со најмилите и во духот на традицијата.

Треба да знаете
Последни објави