Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на припадниците од исламска вероисповед.
– Почитувани верници, на овој благословен ден на Бајрам кога во нашите домови ја чувствуваме празничната атмосфера, ви упатувам искрени желби за прифатен пост и молитви, здравје и благосостојба. Посветеноста, моралната одговорност, здивот на почит и солидарност еден кон друг во месецот Рамазан се благослови и љубезност кои треба посветено да се зачуваат во секојдневниот живот. Секогаш да сте среќни и во мир со вашите роднини!, наведува Груби на честитката.