„Во одредени кругови во Бугарија има некакви тези за македонскиот идентитет, но и 100 години да трае процесот не може да има ефект на промена на идентитетот. Ние знаеме кои сме и што сме и знаеме дека нација не се создава или брише со одлука“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека тоа не може да биде целта во 2022 година и во 21 век. Маричиќ исто така истакна дека до настанот во Битола текот на резговорите бил со досинство и на ниво на партнери и НАТО сојузници.
„Важно е да не се остави да се променат атмосферата и наративот. Да не дозволиме да превладее национализмот и радикализмот“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека интензивно се работи со Бугарија во повеќе области и преку работните групи и на највисоко политичко ниво и дека сите прашања се на маса, но останува да се види дали ќе се успее да се постигне договор и да се подигне ветото.