Германија сака да формира центар за независни новинари од кризните региони

Германската Влада сака во Берлин да формира центар за независни новинари што доаѓаат од кризни региони, јави германската агенција ДПА, повикувајќи се на информации од германското Министерство за култура и медиуми. Новинари од земјите зафатени од војна, како Украина, Русија и Белорусија, ќе добијат ресурси за независно известување од германската престолнина, со што ќе се спротивстават на руската кампања на дезинформации, изјави германската министерка за култура Клаудија Рот.

„Војната е насочена против културата и против демократијата”, додаде таа.

Рот уште најави дека ќе се консултира со министерката за надворешни работи Аналена Бурбок и министерката за внатрешни работи Ненси Фезер за уредување на визните процедури за односните новинари.

„Слободните и независни новинари се важни професионалци во демократиите”, рече таа. Рот ги покани министрите задолжени за медиумите од Групата Г7 на состанок во Бон на 19 и 20 јуни на разговори по прашањето.

Треба да знаете
Последни објави