Најмалку 27 лица загинати во сообраќајна несреќа во Украина

Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападната област Ровенска, објавиле локалните медиуми .

Во несреќата учествувале комбе, автобус и цистерна, а истата се случила во вторникот вечерта на автопатот Киев-Чоп, јави ТАСС. По судирот избувнал пожар на возилата објавил весникот „Страна“, повикувајќи се на украинскиот помошник министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

„Само 12 од 38 патници во автобусот преживеаја“, изјавил Герашченко. Според прелиминарните сознанија на истрагата, возачот на комбето, кој исто така загинал, бил виновен за смртоносната несреќа во северозападниот дел на земјата, јави ТАСС.

„Страна“ објави дека ова е најтешката сообраќајна несреќа што се случила на патиштата во Украина во изминатата деценија.

Треба да знаете
Последни објави