Денеска оддаваме почит и се поклонуваме пред ликот и делото на македонскиот револуционер и херој Гоце Делчев.
Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократ, денеска преточена во реалност во која живееме. Во независна, суверена, слободна и демократска држава, пријател, сојузник и рамноправен партнер на демократскиот свет.
119 години од неговата смрт, великанот Делчев кој го разбра светот како поле за културен натпревар, останува запаметен како силен мотив за еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев.
Делегацијата на СДСМ беше предводена од Вангел Андрески, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ и Викторија Мадиќ, претседателка на надзорен одбор на СДСМ.