И покрај провокациите на проруските сепаратисти во изминатите денови, Молдавија не гледа непосредна закана од прелевање на немирите од Украина, но прави планови за вонредни ситуации и песимистички сценарија, изјави денеска молдавската претседателката Маја Санду.
Таа и молдавска Влада за инцидентите ги обвинија „сепаратистичките фракции кои поттикнуваат војна” во отцепеното Придњестровје.
Санду исто така го осуди и коментарот на руски генерал кој рече дека една од воените цели на Москва е да ја окупира украинската територија и да се поврзе со сепаратистите во Молдавија.
Киев претходно ја обвини Москва дека се обидува да ја вовлече Молдавија во војна, а Кремљ изрази загриженост за ситуацијата во сепаратистичкиот регион на Молдавија, каде Русија по распадот на СССР има стационирани стотици свои војници.