Даути: АА не ја подржува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието

Алијанса за Албанците не ја поддржува најавената иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на работата на Собранието. Ова го изјавила кординаторката на пратеничката група на оваа партија, Илире Даути. Според неа, право на секој политички субјект е да гради своја стратегија на дејствување.

– Право на секој политички субјект е да гради своја стратегија за политичко дејствување. Во оваа насока сигурно дејствувал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. И Алијансата за Албанците има свое право да гради своја стратегија за политичко дејствување. АА не ја поддржува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на работата на Собранието, изјави Даути за весникот Лајм.

Треба да знаете
Последни објави