Пред 42 години на денешен ден плачеа и стари и млади по веста за смртта на Јосип Броз Тито

Пред 42 години на денеше ден плачеа и стари и млади ширум поранешната СФРЈ по веста за смртта на Јосип Броз Тито. На 4 мај 1980 г. беше соопштено дека починал Јосип Броз Тито југословенскиот комунистички револуционер, генерален секретар на Движењето на неврзаните и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Во меѓународната политика, Тито важаше за еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување и еднаквост меѓу народите.

Тито ја извлече поранешната СФРЈ од Варшавскиот блок и стана лидер на Движењето на неврзаните. Беше почесен член на сите академии во Југославија и на многу во странство. Добитник е на Орден народен херој (три пати), Орден херој на социјалистичкиот труд, Орден на Ленин (СССР) и многу други домашни и странски одликувања. Тој ја доби наградата Нехру (Индија) во 1973 година за меѓународно разбирање.

Титовите говори, написи и други политичко-теориски трудови се објавени во повеќе изданија во СФРЈ и во странство.

На погребот на Јосип Броз Тито, во Белград на 8 мај, присуствуваа претставници на повеќе од 120 земји, како и претставници на повеќе од 200 партии во светот. Телевизискиот пренос на погребот беше преземен од телевизиски станици во повеќе од 40 земји.

Мислењата за неговата улога и дело денеска се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед на тогашната СФРЈ, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Треба да знаете
Последни објави