Едно лице е пронајдено мртво утрово во водите на Охридското Езеро.
Според првичните информации се работи за несреќа со трагични последици, а телото е пронајдено кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.
Најверојатно станува збор за рибар од Охрид кој се лизнал од карпата од која ловел риба.
Случајот за МВР го потврди и портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на несреќата и вршат контрола.
Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид.