Вработените од Управата за водење на матичните книги утре на протест, сообраќајот во Центар ќе биде блокиран

Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои од минатата недела штрајкуваат, најавија дека утре ќе одржат протест од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.

Добивај вести на вибер
Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ до исполнување на барањата.

Треба да знаете
Последни објави