Во Словенија во текот на вчерашниот ден врнеше снег на повеќе места на надморска височина од околу 800 метри.
Денеска снег има и во Хрватска. Како што пренесува „Танјуг“, слаб снег од утрово паѓа на Завижан во Националниот парк Велебит.
Умерен снег паѓа и во Истра, каде покрај снежната покривка се забележани и обилни дождови.
Температурата на Учка во Истра, во раните утрински часови се спуштила седум степени под нулата.
Според метеоролошките соопштенија, низ цела Хрватска се очекува ладно време со обилни врнежи.