Во руската агресија над Укараина досега настрадаа 221 дете

Како резултат на руската инвазија, според податоците доставени до обвинителството вчера, повеќе од 629 деца се повредени, а 221 загинале, соопшти Државното обвинителство на Украина.

Податоците не го вклучуваат бројот на деца-жртви во областите кои моментално се окупирани и кои Државното обвинителство на Украина не може да ги достигне со своите истражители.

Овие бројки не се конечни, бидејќи не се утврдуваат на места на активни воени дејствија, на привремено окупираните и неодамна ослободените територии кои најчесто се минирани, пренесуваат медиумите.

Според официјалните податоци, досега загинале 221 дете, а повеќе од 408 се повредени. Главниот државен обвинител Ирина Венедиктова вчера на својот профил на Твитер објави дека е завршена првата фаза од истрагата за воените злосторства извршени од руската војска.

– Сослушани се 228 сведоци. Работиме на откривање и изведба на сите сторители пред лицето на правдата – рече Венедиктова.

Треба да знаете
Последни објави