Пост долг единаесет години за Пеп во Лигата на шампионите

Трофејниот шпански фудбалски стартег Пеп Гвардиола на хартија важи за еден од најдобрите стратези на денешницата. Пеп овој епитет не може да го докаже во елитното европско клупско натпреаврување Лигата на шампионите, каде синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид потклекна во полуфиналето, иако имаше предност од два гола, вкупно во двомечот, на десетина минути пред крајот. Најтрофејниот со 13 европски шампионски титули Реал Мадрид, третпат сезонава побегна од „чистилиштето“.

Проклетството продолжи за Пеп кој цели единаесет години го нема кренато пехарот со „големите уши“. Тоа го има направено двапати во тренерската кариера како предводник на Барселона во 2009 и во 2011 година.

Пеп во минатиот мај стигна до финалето во ЛШ, но таму се препна Челси (1-0). Ова беше првото загубено финале во ЛШ на Гвардиола, по победите со Барселона против Манчестер јунајтед во 2009 и во 2011. Во полуфиналето Гвардиола шести пат е запрен во походот кон врвот. Неславниот рекорд го дели со Жозе Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави