Македонското здружение на гинеколози и опстетричари започнува кампања за сексуална едукација

Македонското здружение на гинеколози и опстетричари-МАГО со особено задоволство ви го најавува почетокот на кампањата за сексуална едукација иницирана од соработката со светската невладина организација Amaze.

За таа цел, МАГО склучи меморандум за соработка со Amaze  преку кој беше овозможен пристап до повеќе од 20 едукативно-забавни кратки видеа и едукативни ресурси за сексуалното образование наменети за адолесценти, родители, воспитувачи и даватели на здравствени услуги.

Основната мисија и цел на овие видеа е поттикнување природен и здрав сексуален развој на децата и адолесцентите, како и градење на свет во кој младите би имале постојан пристап до неопходните информации. Видеата се достапни на македонски и албански јазик на www.agom.org.mk/amaze.

Линк до видета на македонски јазик
https://www.youtube.com/playlist?list=PLH96_lZ_zXDWkv5c7BsJF1F_5kbuUmSDP
Линк до видеата на албански јазик
https://www.youtube.com/playlist?list=PLH96_lZ_zXDXAsV6XeTzJzqGa-jNhDwoq 

Со почеток на оваа кампања МАГО ја најавува Неделата на женското здравје (8-14 мај 2022) која ќе се одбележи на 11-ти мај (среда) од 11:00 до 12:00 часот во Младинскиот културен центар.

На настанот ќе се претстават досегашните и идните активности и кампањи на Македонската Асоцијација на Гинеколози и Опстетричари кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област.

Треба да знаете
Последни објави