Пендаровски не успеал да ги спои Ковачевски и Мицкоски да гледаат заедно Македонија-Португалија

Средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се одржува затоа што Мицкоски ја услови со договарање предвремени избори, што е неприфатливо, затоа што на прва средба за запознавање на лидерите не се поставуваат услови, изјави шефот на државата Стево Пендаровски за Канал 5, истакнувајќи дека тоа се информации што ги добил од премиерот.

Тој оцени дека јазот меѓу власта и опозицијата е толку длабок, што нему не му успеало ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.

– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања- истакна Пендаровски.

Пендаровски во интервјуто откри и дека се обидел да посредува и за датумот за одржување на парламентарните избори во 2020 година.

„Се собравме во тројка јас и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Мицкоски и Заев, но средбата заврши без резултат, бидејќи не можеа да се договорат за датум за изборите, се разликуваа за околу десетина дена”, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави