На 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(31) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.