Денеска, (06.05.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вработени во Министерството за внатрешни работи, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, даруваше крв во седиштето на МВР.
Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан од страна на Министерството за внатрешни работи, Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Република Северна Македонија и согласно Законот за безбедност во снабдување со крв и во 2022 година, продолжува континуираната соработка за доброволно дарување на крвни единици.
Активноста се одвива плански и во организација на Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет согласно изготвена Телеграма – План за организирани доброволни крводарителски акции во организациските единици на МВР.
По повод одбележувањето на 7 – Мај денот на полицијата се организирани доброволни крводарителски ации за вработените во МВР и тоа во седиштето на МВР и во СВР Штип СВР Битола и СВР Тетово ќе се дарува крв во Регионалните центри за трансфузиона медицна.
Министерот Спасовски како редовен крводарител, и во оваа пригода оддаде признание на припадниците на МВР коишто по претходно направен план се дел од бројните крводарителски акции, а воедно упати и повик до граѓаните за подигање на јавната свест за хуманиот чин на дарување крв преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.