Пентагон соопшти дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шанахан одобрил испраќање на уште 320 војници на границата на САД со Мексико, како поддршка на 5.000 војници кои веќе се распоредени таму.
Распоредувањето на новите 320 вработени во Министерството за одбрана долж границата со Мексико ќе чини околу 7,4 милиони долари до 30 септември.
Една од нивните задачи ќе биде да управуваат со автомобилите на царината и граничната полиција со кои се превезуваат мигранти и ќе имаат право да воспостават контакт со нив за да го проверат нивниот имот. Во такви случаи, неопходно е присуство на цивилен персонал од Министерството за внатрешна безбедност, кои имаат функции за спроведување на законот.
Распоредувањето на војници на границата внимателно го следат и поддржувачите и противниците на миграциската политика на претседателот Доналд Трамп, јавија американските медиуми. ј