Познатиот американски телевизиски водител Лари Кинг (85) доживеа срцев удар, по што е пренесен в болница.
Тој со месеци имал проблеми со дишењето, наведува неименуван извор за ТМЗ, додавајќи дека инфарктот всушност се случил додека Кинг се подготвувал да замине в болница на преглед.
На водителот му е извршена ангиопластија и му вградиле неколку стентови.
Ова на водителот му се случува вторпат, по 1987 година, кога исто така, доживеа срцев удар.