Американскиот режисер Џон Синглтон, чиј филм „Boyz n the Hood“ (1991) стана симбол на новиот бран на афромаериканската кинематографија, почина вчера, соопшти неговото семејство.
Синглтон (51) имаше срцев удар на 17 април и од тогаш е во кома. Тој беше прв афроамерикански режисер номиниран за Оскар во 1992 година во категоријата најдобра режија за „Boyz n the Hood“.
Тој режираше уште неколку филмови за условите во кои живеат Афроамериканците во САД, меѓу кои „Poetic Justice“ (1993) и „Four Brothers“ (2005).