Пивскиот хотел ,,Doghouse” во Охајо, САД кој е во сопственост на шкотската пиварница ,,BrewDog” тврди дека ова е единствениот хотел на светот кој им овозможува на своите гости да поминат една вечер во пиварницата. Секоја соба има точено пиво, фрижидер полн со различни брендови на пиво во туш кабината и музеј посветен на уметноста на производство на овој златен пијалак.
https://www.facebook.com/MensHealth/videos/2374601409487622/?t=0
Гостите најпрвин влегуваат во предворјето во кое се наоѓа бар наместо рецепција, а место рецепционер ги пречекува бармен кој веднаш им нуди пиво за добредојде. Секоја од 32-те спални соби (вклучувајќи и осум апартмани) има апарат за точење пиво, минибар со ,,BrewDog” лименки пиво и поглед кон големи старински дрвени бочви. Бањата пак е опремена со најразлични средства за нега кои се произведени на база на пиво.
https://www.facebook.com/doghousecolumbus/photos/a.609266266176211/625215071247997/?type=3
Останатите содржини во хотелот вклучуваат интерактивен музеј кој овозможува увид во процесот на производството на пиво и неговата историја, како и медиумски простор, фитнес центар и кафуле.
https://www.facebook.com/doghousecolumbus/photos/a.609266266176211/622507274852110/?type=3
Хотелот нуди и спа третмани на база на пиво. Коосновачот на компанијата, Џејмс Ват, кој ја покренал ,BrewDog” во 2007 година во соработка со Мартин Дики, им се заблагодари на сите луѓе кои ентузијастично го поддржувале овој проект и пред “crowdfunding” кампањата одиграле клучна улога во финансирање на новиот хотел.
,За многу љубители на пивото, идејата за пивскиот хотел беше само сон. Утопија за пиво која никогаш не се оствари. Досега. Благодарение на поддршката на нашата глобална заедница на пивски ентузијасти, се трудевме тој сон да стане реалност”, изјавил Ват за британскиот Телеграф.
Ват и Дики во март 2017 година за првпат објавиле планови за пивски хотел, истовремено апелирајќи на донациите за својата цел со целта за собирање на 75 илјади долари. Но, наместо 75 илјади долари, тие собрале дури четири пати поголема сума – вкупно 300 илјади долари од ентузијасти желни за пиво. Тие планираат да отворат уште еден и и други пивски хотел во своето седиште во Аберденшире.