Невозможно е да бидеш со власта и да бидеш револуционер, изјави кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со Левица, одговарајќи на новинарско прашање во врска со повикот на шарените револуционери за соочување.
„По три години постреволуционерен молк, повторно се појави шарена револуција. Знам што е револуција и не верувам дека пратеници, советници, членови на управни одбори и носители на огромни проекти имаат легитимитет да се претставуваат како шарена револуција. Нивните ставови се исти како на мојот противкандидат, па мислам дека тој ги артикулира овие ставови. Ако сакате да бидете револуционер, сметам дека треба да бидете на пристојно растојание од власта. И оваа листа од луѓе што ја видов не сметам дека е репрезентативна за некој што се нарекува револуционер“, рече Сиљановска-Давкова.