Човечки труп бил пронајден во атар на скопското село Љуботен, дознава 24 Инфо.
Веста ја потврдија од МВР. Трупот бил пронајден кај местото викано Башанец.
Станува збор за труп кој е во поодмината фаза на распаѓање.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По обдукцијата ќе биде познато како починало лицето, а се работи на идентификација на телото.