Украинскиот министер за социјална политика, Андреј Рева, мора да поднесе оставка откако ги нарече жителите на Донбас отпад на општеството, а потоа се коригираше и ги нарече никаквеци, посочи поранешниот украински премиер и лидер на партијата „Баткивчина“, Јулија Тимошенко, на Фејсбук, пренесува ТАСС .
„Барам министерот Рева веднаш да се повлече од функцијата. Владата мора официјално да им се извини на сите Украинци, аполицијата мора соодветен да одговори на ваквите забелешки”, истакна таа.
Тимошенко смета дека однесувањето на Рева ги загрозува државните интереси на Украина и го валка имиџот на целиот кабинет.
„Ваков игноратски провладин говор под одредени услови се претвора во закана за интересите на државата. Изјавата на министерот не укажува само на неговиот личен идиотизам, туку на позицијата на една државна агенција – агенција што треба да ги заштити украинските граѓани и да ги унапреди нивните интереси”, истакна Тимошенко.
Според неа, поради такви ставови актуелната влада ги загубила претседателските избори.
„Наместо да молчат и да се покајат, тие продолжуваат со напорите за поделба на земјата, поларизирање на луѓето и сеење омраза. Тоа не е само лапсус, туку злосторство против украинскиот народ, што мора да биде казнето”, истакна Тимошенко.
Рева издаде соопштение за „Фејсбук“ подоцна, велејќи дека пред неколку недели новинари на Би-би-си побарале коментар за исплатата на пензиите во регионите на Донецк и Луганск кои Киев не ги контролира.
Според него, интервјуто траело повеќе од половина час, но во финалниот извештај има само една фраза што новинарот ја користи за да го илустрира неговиот наводен личен став кон сите украински државјани што живеат во окупираните области. Министерот тврди дека неговите зборови биле погрешно протолкувани.