Ѓорчев: Цените на бензините  и дизелот се превисоки, веднаш да се укине дополнителната акциза на Заев  и Тевдовски

Почитувани присутни , со најновото зголемување на цените на бензините и дизелот директно е засегната економијата но и сите граѓани на Република Македонија , засегнато е стопанството, загнати се фирмите, засегнати се луѓето и семејните буџети.  Откакако е СДСМ дојден на власт цената на дизелот е зголемена за фрапантни 40 %. Значи не зборуваме за зголемување од 2, 3, 5 или 10 % туку зборуваме за зголемување на цената на дизелот од 40 %.

Ако на тоа ги додадеме и дополнителните 3 ипол денари дополнителна акциза која што ја воведоа Зоран Заев и Драган Тевдовски доаѓаме до заклучокот дека и тоа како се засегнати сите граѓани на Република Македонија.

Од  тие причини  бараме  час поскоро,  веднаш Владата и парламентарното мнозинство на Зоран Заев да ја укинат дополнителната акциза на дизелот од 3 ипол денари. Затоа што овие високи, енормни цени на дизелот и на бензините директно се закана за семејните буџети на граѓаните на Република Македонија. Ако видиме дека кога дојде оваа власт, кога дојде и кога ја направи Зоран Заев владата цената на дизелот беше 46 денари за литар, а сега е 64 денари за литар. Гледаме   за што зборуваме.

Значи ако треба сето ова да го сумирам во триесетина секунди, за прилог во вестите, заклучокот е многу едноставен и јасен. А тоа е следново.

Ги повикуваме Зоран Заев и неговата влада веднаш да ја укинат дополнителната акциза на дизелот од 3 ипол денари, затоа што цените на бензините и дизелот отидоа во небо и тоа како ги засегаат семејните буџети на граѓаните и стопанството.

Само еден пример, со овие цени на дизелите и со овие цени на јаболката на пример што ги имаме во ресенско, доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е за да се наполни еден резервоар од 3 илјади денари потребни се да се продадат 3 тони индустриско јаболко, за еден резервоар да се наполни со дизел потребни се да се продадат и произведат 3 тони јаболки. Тоа е жално и тажно. Фрапантно е тоа.

Значи во таа реалност во моментов живее Македонија. Ако порано еден дизел  резервоар се полнел со 2 илјади денари, сега истиот тој резервоар се полни за 3 илјади денари.

Зоран Заев и неговата влада со дополнителната акциза им одзедоа, им украдоа на граѓаните 30 милиони евра. Од тие 30 милиони евра решија да потрошат само 100 илјади евра за загадувањето, значи само 0,1 милиони евра за загадување, а 30 милиони евра за владините џепови.

Така што, последиците ги гледаме, имаме енормно скапа цена на реагенсите, а цената ја плаќаат граѓаните и економијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на изборите во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на оваа акциза, такашто тоа го имавме есеноска како предлог. Беше одбиено од страна на парламентраното мнозинство од пратениците како Мира Дизел и останати.  А сега повторно ќе го поднесеме предлогот, се надевам дека ќе биде прифатен.

 

                                

Треба да знаете
Последни објави