Сиљановска: Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум на нивна страна

Денеска во посета на Граѓанскиот штаб беа студентите на кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова од студентите доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а и подарија и портрет кои самите тие го изработиле.

Сиљановска Давкова истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја, бидејќи како што рече таа е секогаш на страната на младите.

„Студентите се мојата гордост и надеж. Денес од моите студенти Роми добив портрет кои тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна, на страната за правото и правдата во Македонија“, рече Сиљановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави