Генералниот менаџер на Интер, Џузепе Марота потврди дека тренерот Лучано Спалети ќе остане на функцијата и следната сезона.
Медиумите објавија дека Антонио Конте се согласил да ги предводи „нероазурите” од летото и да го замени Спалети.
– Дали сме избрале тренер за следната сезона? Да. Тоа е Спалети, кој има договор и ние сме задоволни од него, објави Марота.
Тренерот го предводи Интер од 2017 година и има договор до 2021 година, Во оваа сезона, миланскиот гигант го зазема третото место на табелата на четири кола пред крајот на првенството.