На 30.04.2019 година во 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, кај Волково, патничко моторно возило „форд ка” со скопски регистерски таблици управувано од Б.З.(38) од Скопје удрило во заштитните бетонски огради. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Б.З. и едно дете сопатник на возраст од седум години, додека другото дете сопатник на иста возраст се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември”. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.