Прегазен пешак во Струшко

На 30.04.2019 година во 21,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од улицата „Владо Малески” со улицата „Ѓуро Салај” патничко моторно возило „пПасат” со струшки регистерски таблици управувано од Џ.Ф.(45) од село Мислодежда удрило во пешак В.Ж.(69) од Струга.. Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави