Меџити: Албанците не се навикнати во првиот круг да глсасат за Македонец, во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови
Албанците не се навикнати во првиот круг да глсасат за Македонец, во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови за заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски, изјави потпретседателот на ДУИ и шефот на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски, Изет Меџити на прес-конференција.
Тој рече дека ДУИ силно ја поддржува кандидатурата на Пендаровски бидејќи Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој се залага за интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, Охридскиот Договор и јазичната рамноправноста а истовремено гледа партнерство во Вашингтон и Брисел.
Како што најави Меџити, претседателот на ДУИ, Али Ахмети утре на собир во Филхармонија ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај.
„На 5 мај се одлучува помеѓу белото и црното, помеѓу иднината и минатото, интеграцијата и изолацијата, рамноправноста и моноетничноста, помеѓу перспективата и регресот, западот и истокот. Бојкотот и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Бојкотот носи претседателска и парламентарна криза. Бојкотот го ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот ниту ќе обозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори“, изјави Меџити.
Додаде дека останувањето дома на 5 мај го загрозува членството во НАТО, го загрозува датумот за преговори со ЕУ, го загрозува пријателството со Вашингтон и Брисел, и конечно ги загрозува јазичната рамноправност и Охридскиот Договор.