Група свештеници бараат папата Франциско да се прогласи за еретик

Група од 19 католички свештеници и академици побарала од бискупите да го прогласат папата Франциско за еретик.

Тие не се согласуваат со поглаварот на Римокатоличката црква околу прашањата за причестување, развод, верска разновидност и друго.

Меѓу најистакнатите членови во групата е Ејдан Николс, 70-годишен британски свештеник, еден од најпризнатите теолози.

– Мерката ја преземаме како краен начин да се избориме против штетата која ја причинија зборовите и делата на папата Франциско во претходните неколку години, а кои доведоа до една од најголемите кризи во историјата на католичката црква, се наведува во отвореното писмо.

Папата Франциско е обвинет дека го „омекнал” ставот на црквата по многу прашања, нагласувајќи дека не зборувал доволно против абортусот, а премногу ги прифаќал хомосексуалците, протестантите и муслиманите.

Портпаролот на Ватикан одбил да го коментира писмото на групата свештеници.

Треба да знаете
Последни објави