Прославениот шпански голман и член на Порто, Икер Касиљас заврши во болница поради срцев удар претрпен денеска во утрински часови.
Касиљас најголем дел од кариерата ја помина во Реал Мадрид каде доживеа голема слава. Од Мадрид кариерата ја продолжи во соседна Португалија во редовите на Порто.
Триесет и седумгодишниот Касиљас најверојатно ќе биде опериран во скоро време. Продолжувањето на неговата кариера е доведено во прашање.