Полицијата во Истанбул соопшти дека уапсила 127 луѓе зошто се обиделе илегално а одржат демонстрации во разни делови на градот, поради прославата на 1 мај.
Полицијата направила кордон околу плоштадот Таксим во центарот на Истанбул , но помали групи демонстранти сепак се собрале.
„Плоштадот им припаѓа на луѓето и не може да биде затворен. Да живе 1 мај“ извикуваа демонстрантите додека ги носеше полицијата.
Претходно полицијата дозволи на плоштадот да се одржи церемонија на која учествуваа лидерите на синдикатите, а друга група положи каранфили во соседната улица.