Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одлучи да ги затвори фудбалерите во клупската тренинг-базата пред натпреварот од 35-тото коло од Италијанскиот шампионат со Болоња, информира „Скај спорт Италија”.
Ова се случи откако играчот од средниот ред, Теме Бакајоко, доцнеше на тренинг речиси еден час.
Така, играчите од утре нема да ја напуштат базата во следните пет дена. Оваа одлука им беше соопштена на фудбалерите во присуство на Леонардо, технички директор на клубот.
Се шпекулира дека еден од играчите се обидел да го разубеди Гатузо, но без успех. Бакајоко го очекува сериозна парична казна.
Натпреварот Милан – Болоња ќе се игра в понеделник (6 мај).