ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека се плаши од соочување со граѓаните
Зоран Заев вечерва само потврди дека се плаши од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори. Тој се плаши затоа што виде уште во првиот круг дека граѓаните се против неговиот криминално коруптивен начин на владеење.
Целата македонска јавност беше сведок на паниката кај Заев кој јавно на неколку дена пред вториот круг на гласање кажа дека после избори ќе брка луѓе од јавната администрација и дека тие ќе биле како што кажа ,, од другите”. Зоран Заев мора да одговори кои се тие ,,други” и дали веќе постојат списоци за бркање?
Заев мора да знае дека без разлика колку и да се заканува и да ги заплашува граѓаните нема да успее. Граѓаните го победија стравот и сакаат промени. Граѓаните сакаат крај за криминалниот начин на владеење од изминативе две години во кои нема бизнис што не е изрекетиран, ниту граѓанин кој не е понижен.
Само кукавица или слаб човек како Заев се заканува, но залудно. Ќе одговара.
Во текот на целата емисија Заев не кажа ништо ново. Само празна реторика со нула дела.
Поминаа две години, потрошени се седум милијарди евра буџети, а Заев не само што не почна ниту еден од шестотините километри најавен нов автопат, ниту пак метар од најавената канализација, туку и ја врати државата назад во деведесетите.
ВМРО-ДПМНЕ очекува по вечерашново интервју, Заев да биде повикан и во ЈО, бидејќи јавно призна дека со своето обелоденување во јавноста спречил и оневозможил докомплетирање на истрага за криминал против функционери во владата.
Заев мора да одговори дали свесно ја саботирал истрагата и зошто.
Заштитата на криминалот мора да запре. Одговорност мора да има.