Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи комисијата за европски прашања, на која ќе се расправа по Предлог – законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и предлог – зкаоните за парничната постапка  и за Академија за судии и јавни обвинители

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик  и Предлог на закон за адвокатурата.

Треба да знаете
Последни објави