Со молчењето Спасовски станува соучесник на Асани, МВР е претворено во дувло на криминалци и мафијаши на СДСМ и ДУИ

Оливер Спасовски од МВР направи дувло од криминалци и мафијаши блиски до власта на СДСМ и ДУИ.Цела јавност виде дека вториот човек на БЈБ Ариф Асани ослободува лице кое пука во полициски службеник во Чаир и тоа пред 50тина други граѓани кои ниту криви, ниту должи можеле да завршат со трагични последици. А Спасовски молчи и бега да одговори зошто се уште нема одговорност за Асани.
Точни ли се информациите дека пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна и зошто полицискиот записник не се совпаѓа со снимениот настан?
Колку подолго Спасовски бега од одговор, толку по јасно станува дека и тој знаел, но молчел само за “мир” во коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Со ова Спасовски наместо да ги штити полициските службеници кои се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, ја штити мафијата и криминогените дејствија.

До кога Спасовски и Ковачевски ќе бидат испостава на функционерите од ДУИ?

Недозволиво е Асани како вториот човек на Бирото за јавна безбедност чија цел е концептуалното планирање, следење и анализирање на безбедносната состојба и причините за појава на криминалитет и загрозување на јавната безбедност да ослободува вооружено лице кое ја загрозува безбедноста на граѓаните и полициските службеници.
Ако Спасовски нема храброст сам да си поднесе оставка за бројните скандали и криминали за време на неговото министерување, тогаш нека собере храброст и нека го разреши Ариф Асани веднаш од функцијата.
Со ваквото однесување Спасовски не само што го одобрува дивеењето на криминалците и мафијашите, туку е и учесник во истите.
Состојбата во државата мора да се промени. Ова е премногу. Единствен излез и конечно ставање крај се предвремени парламентарни избори веднаш!

Треба да знаете
Последни објави