Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје во текот на изминатите шест месеци поставија 1.110 нови заштитни столбчиња на градските улици и булевари и санираа 142 заштитни столбчиња кои беа оштетени од несовесни граѓани.
Столбчињата како дел од сообраќајната опрема која редовно ја одржуваат екипите на ЈП Улици и патишта се поставуваат по налог на Град Скопје и се со функција за спречување на непрописно паркирање на возилата, како и за зголемена безбедност на пешаците и велосипедистите.
Одржувањето на заштитните столбови и поставувањето на нови продолжува на сите сообраќајници во градот каде што ќе има потреба од нивната функција.