Проблеми со софтверот предизвика подолга пасошка контрола на парискиот аеродром

Службите кои управуваат со париските аеродроми Шарл де Гол и Орли и железничката служба Еуростар денеска ги предупредија патниците дека имаат проблеми со софтверот, што предизвика подолги проверки при пасошите и безбедносните контроли.

„ Денес нашите станици се многу зафатени. Проверките на пасошите и безбедносните проверки траат подолго од вообичаеното поради проблемите што ги имаат француските власти со контролните системи“, се наведува на Твитер профилот на Еуростар.

Аеродромите низ Европа се обидуваат да се справат со зголемувањето на бројот на патници по пандемијата, а британските аеродроми се пред особено тешка недела, бидејќи училишните празници се преклопуваат со церемонијата по повод 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета, наведува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави