20 проценти од активното население работи во преработувачка индустрија, 17 % во трговија, според образованието 18,6 отсто се во инженерство, производство и градежништво, а 1,9 проценти во ИКТ

Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години, најголем дел или 20 проценти се во Преработувачка индустрија и 17 проценти во Трговија на големо и трговија на мало.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години:

– 123 347 лица или 20 проценти во Преработувачка индустрија;

– 104 185 лица или 17 проценти во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;

– 47 071 лица или 7,7 проценти во Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување;

– 42 560 лица или 7 проценти во Дејности на здравствена и социјална заштита;

– 40 414 лица или 6,6 проценти во Образование;

– 33 705 лица или 5,5 проценти во Градежништво;

– 33 441 лица или 5,5 проценти во Транспорт и складирање;

– 30 074 лица или 4,9 проценти во Земјоделство, шумарство и рибарство;

– 24 640 лица или 4 проценти во Стручни, научни и технички дејности;

– 23 623 лица или 3,9 проценти во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна;

– 20 827 лица или 3,4 проценти во Административни и помошни услужни дејности;

– 20 367 лица или 3,3 проценти во Информации и комуникации;

– 13 529 лица или 2,2 проценти во Уметност, забава и рекреација;

– 11 546 лица или 1,9 проенти во Други услужни дејности;

– 11 163 лица или 1,8 проценти во Финансиски дејности и дејности на осигурување;

– 10 457 лица или 1,7 проценти во Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;

– 8 327 лица или 1,4 проценит во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;

– 4 333 лица или 0,7 проценти во Рударство и вадење на камен;

– 2 083 лица или 0,3 проценти во Дејности во врска со недвижен имот;

– 255 лица или 0,04 проценти во Дејности на домаќинствата како работодавачи;

– 739 лица или 0,12 проценти во Дејности на екстратериторијални организации и тела;

– 1 834 лица или 0,3 проценти во непознати дејности.

Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка најмногу 19,5 проценти од вкупно резидентно население на возраст над 15 години се во полето Општи програми и квалификации, додека најмалку или 1,9 проценти се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. Во Здравство и социјална заштита се само 7 проценти, додека во полето на Природни науки, математика и статистика се 3 проценти.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Според полето на образование во највисокиот степен на образование од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години:

– 197 810 лица или 19,5 проценти се во полето Општи програми и квалификации;

– 189 736 лица или 18,6 проценти се во полето Инженерство, производство и градежништво;

– 148 180 лица или 14,5 проценти се во полето Општествени науки, новинарство и информирање;

– 81 494 лица или 8 проценти се во полето Бизнис, администрација и право;

– 71 102 лица или 7 проценти се во Здравство и социјална заштита;

– 59 215 лица или 5,8 проценти се во полето Образование;

– 54 779 лица или 5,4 проценти се во полето Услуги;

– 48 857 лица или 4,8 проценти се во полето Уметност и хуманистички науки;

– 40 455 лица или 4 проценти се во полето Земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина;

– 30 624 лица или 3 проценти во Природни науки, математика и статистика;

– 19 044 лица или 1,9 проценти во полето Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ);

– 75 293 лица или 7,4 проценти се во непознато поле.

Треба да знаете
Последни објави