Радев: Народот, а не Парламентот ќе го има последниот збор за Македонија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, не планира заедно со премиерот Кирил Петков да учествува на средба со францускиот претседател Емануел Макрон на тема Северна Македонија. Ова пред новинарите во Пловдив го изјави шефот на државата.

„Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје. Затоа нема услов за мојата посета на Париз за која се пишуваше“, рече претседателот Радев на отворањето на изложбата Хемус во Пловдив.

-Ја ценам посветеноста на нашите европски партнери, но сакам да видам вистински резултати. Што се однесува до убедувањето на премиерот дека последната инстанца за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последната инстанца е секогаш народот и постојат уставни механизми за негово консултирање, додаде Радев.

Прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

Таа нагласи по минатонеделната средба по лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат” на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини”.

– Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори, рече шефицата на бугарската дипломатијата.

На прашањето дали Петков би можел „да го прескокне” Министерството за надворешни работи во врска со прашањето за Северна Македонија, Генчовска одговори дека „нема шанси” тоа да биде заобиколено.

Треба да знаете
Последни објави