Тројца гостиварци завршиле во болница, откако автомобилот со кој се возеле се забил во метална ограда, информираше МВР.
– На 01.05.2019 година во 21.10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, пред Ростушки мост, автомобил „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(28) од Врбјане, гостиварско, удрило во метална заштитна ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ш., кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатниците Б.Ш. и Ф.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар, велат од МВР.