Мајлс Телер се плашел од најлошото додека снимале сцена за „Топ Ган: Маверик“, продолжението на блокбастерот од 80-тите. 35-годишниот актер глуми во новиот филм како Бредли Бредшо и откри како се преплашил додека снимал опасен маневар со авион Ф-18 Хорнет.
Во интервју за LADbible, Мајлс рече: „Дефинитивно имав момент кога мислев дека ќе умрам.“
„Имаше секвенца во која летаме право кон земјата и го правиме она што се нарекува Max G pull-up (максимално G повлекување). Се спуштате надолу и во последната секунда се повлекувате, а овој маневар навистина е тежок за пилотот.
„Тоа е нешто што пилотите го тренираат цело време, но првпат направивме таков маневар и јас целосно престанав да глумам. Гледав надолу и помислив дека ова нема да заврши добро за мене“.
И покрај неговото искуство блиску до смртта, Мајлс откри дека успеал да избегне повраќање додека учествувал во секвенците за летање што ги поставил Том Круз.