Хилари Клинтон: Путин не сака критики од жени

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин има „речиси месијанска вера во себе“ и дека не сака критики, особено ако доаѓаат од жени, пренесува „Гардијан“.

Таа потсети дека „имала одредени позитивни случувања“ во блиската соработка со Путин меѓу 2009 и 2013 година, кога тој беше премиер на Русија, но дека односите се влошиле кога ги критикувала „очигледно нефер“ изборите кои го вратиле на претседателската функција во 2012 година.

„Путин не сака критики, особено од жените. И покрај тоа што го тврдеше спротивното, тој работеше напорно за да му помогне на Трамп да стане претседател во 2016 година“, рече Клинтон.

Треба да знаете
Последни објави