Постои голем број на лекови кои ја зголемуваат чувствителноста на кожата на UV зрачење на сонце (како и солариумот), така да ако планирате во наредните денови да поминете повеќе време на отворено, а во моментов сте на терапија со лекови важно е да се проверите со лекар или фармацевт на време дали лековите што ги пиете припаѓаат во оваа група.
Во лекови кои можат да предизвикаат фотосензитивна реакција спаѓаат антибиотици (како што се доксициклин и други тетрациклини, ципрофлоксацин), лекови против акни како што се ретиноиди, анксиолитици (алпразолам, хлордиазепоксид), одредени цитостатици, диуретици и антихипертензиви, нестероидни антиинфламаторни лекови (диклофенак, ибупрофен, напроксен), антидепресиви (кломипрамин, амитриптилин, матротилин, флуоксетин), како и препарати со кантарион.
Ако во моментов користите некои од фотосензитивните лекови, треба да избегнувате долго изложување на сончеви зраци како и да користите лосиони и средства за заштита од сонце кои обезбедуваат висок фактор на заштита од UVA и UVB зраците.