Алијанса за Албанците ги избра двајцата секретари

Денеска претседателството на Алијансата за Албанците го одржа вториот состанок по Конгресот, на кој за генерален секретар беше избрана професорката Вјолца Бериша, а професорот Елми Азири, организациски секретар на Алијансата за Албанците.

На оваа средба беше изгласан Деловникот за работа на Претседателството на партијата.
Пред членовите на Претседателството беше соопштено дека во периодот на распишаниот конкурс за претседател на огранок, од 16.05.2022 до 23.05.2022 година, пријавени се 45 кандидатури во вкупно 28 ограноци.

Во наредните денови комисијата за избор ќе ги разгледа сите пријави и ќе изврши интервју со кандидатите.

Треба да знаете
Последни објави